ВО ГЕВГЕЛИЈА ВО 2021 ГОДИНА РОДЕНИ 17 ДЕЦА ПОМАЛКУ ОТКОЛКУ ВО 2020

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија во 2021 година се родени вкупно 18 790 деца, од кои живородени се 18 648, а мртвородени 142. Бројот на живородените деца во 2021, во споредба со 2020, е намален за 2.0 %.
 
Што се однесува до Општина Гевгелија, во 2021 година родени се вкупно 153 деца, од кои 70 машки а 83 женски. Во споредба со 2020 година, кога се родени 170, тоа е намалување за 17 деца. Таа година родени се 92 машки а 78 женски деца.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *