ВО НЕГОТИНО ПАДНА ОД НЕБО ВОЈНИЧКИ РАНЕЦ

По веста дека ранец падна во двор од куќа во Неготино, при што за среќа, нема повредени, од МВР потврдија дека ранецот бил сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино. Штетата предизвикана на кровот на куќата ќе биде надоместена.

– На 02.05.2022 во ОВР Неготино, Б.С.(35) од Неготино било пријавено дека дел од падобранска опрема паднала на кровот од неговата куќа и оштетила неколку ќерамиди.
 
Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино. Предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ке биде надоместена, изјавија од МВР.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *