ВО СПОМЕН НА МИЛЕ МИЦКОВСКИ, ПРОФЕСИОНАЛЕН ВОЗАЧ И СОПСТВЕНИК НА НАЈУБАВОТО „ФИЌО“ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОШИРОКО

Деновиве се навршија 5 години од прераната смрт на Миле Мицковски. Гевгеличани го познаваат како семеен и мошне вреден човек, кој лебот го заработуваше како шофер на товарни возила. Роден е во Кичево на 21 март 1956 година, образованието го завршува во Гевгелија, а преку 40 години работи како шофер на, најнапред 18 години во „Млаз“ од Богданци а потоа од 1995 година во сопствената фирма „Далекс“ од која со 47 години стаѓ се пензионира. Наградуван е како најдобар возач на годината во избор на ИРУ АМЕРИТ Интернационален патен транспорт од Женева. Прерано замина од овој свет на 2 октомври 2018 година.

Освен како професионален возач, Миле беше познат и како сопственик на едно прекрасно зелено „фиќо“, произведено во 1974 година, купено во 1978, кое самиот тој го дотерал и „нашминкал“ по свој ќејф, и со него учествувал на голем број на изложби на стари автомобили. Ова „фиќо“ е прогласено за најубаво во Македонија, а колкава била приврзаноста на Миле кон ова возило зборува и фактот што, иако во Швајцарија му биле понудени 14.000 евра, Миле не сакал да го продаде.
 
Во неговиот дом денеска грижливо се чуваат над стотината пехари, благодарници и признанија кои тој ги има освоено низ годините. Највредни се наградите за прво место на изложбите во Швајцарија, два пати во Рача, еднаш во Јагодина, како и второто место во Крагуевац. Љубовта кон овој автомобил и традицијата за учество на изложбите на „олдтајмери“ ја наследува неговиот син Александар, кој исто така до сега има освоено голем број на признанија од кои последното е од 25 септември оваа година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *