ВО СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ НЕДОСТИГААТ УЧЕБНИЦИ.

ВО СОУ „БОГДАНЦИ“ И СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ САМО ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ СТРУКИ НЕДОСТИГААТ ДЕСЕТТИНА.
На веб-страницата на Министерството за образование е објавен конкурс со цела листа со предмети за кои недостигаат учебници, согласно образовниот профил/квалификација.
Педијатрија, Инфектологија, Орална хирургија, инженерска геологија, истражување на минерални суровини, рударство, електро-металуршко добивање на метали, челични конструкции, железници, водовод и канализација, конструирање мебел, електронска обработка на текст и слики, катастар… Ова се дел од неколкуте десетици предмети по кои учениците во средното стручно образование немаат учебници, а за кои надлежните во Министерството за образование и наука.
Само во здравствените струки за гинеколошки акушерки и медицински сестри во средните училишта во Гевгелија и Богданци недостасуваат, меѓу другото Педијатрија со нега, Инфектологија со нега, Акушерство со нега, Гинекологија со нега, Невропсихијатрија со нега..
За да учат, учениците користат стари учебници, како и материјали од интернет.
По стручните предмети нема учебници, не постојат. Професорите им даваат на учениците материјали за учење. Никој не се пријавува да пишува учебник бидејќи е мал тиражот, поради што не им се исплати.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *