ВО ТЕК Е ПРОЛЕТНОТО ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ДВОРОТ НА ЗАТВОР ГЕВГЕЛИЈА

Управата за извршување на санкции на својата фејсбук страница објави дека во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија во тек е пролетно хортикултурно уредување на дворот на установата од страна на осудени и вработени лица.
Сите знаеме што е Затвор. Тоа е државна или приватна установа чија главна задача е притворање на луѓе со криминални дела, нивно казнување и превоспитување.
Затворот Гевгелија е со капацитет од 43 лица во затворскиот дел и 12 лица во притворските одделенија. За разлика од секојдневните вести во Црните хроники во кои слушаме за разни девијантни однесувања на некои затвореници кои ја издржуваат својата казна за некое сторено кривично дело, овој пат од Казнено поправната установа нудат сосема различна слика, со која се покажува дека и затворениците, иако издржуваат казна, може, во слободното време, да се занимаваат со разни активности, иако се затворени во неколку квадратни метри, и да не се чувствуваат како неприлагодени, излишни или непожелни човечки суштества.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *