ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ РЕГИСТРИРАНИ ТРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ ИЛЕГАЛНИ МИГРАНТИ НА ЗАПАДНОЕВРОПСКАТА РУТА

Од јануари до мај 2022 година, Фронтекс регистрирал вкупно 40.675 илегални гранични преминувања на западнобалканската рута, што е речиси трипати повеќе отколку во истиот период минатата година.Тоа е речиси половина од вкупно 86.420 илегални гранични премини на ЕУ во овој период, наведува Фронтекс.
„Само до мај бројот на илегални мигранти откриени во регионот е повеќе од двојно зголемен, на 12.088“, се наведува во соопштението на Фронтекс, во кое се додава дека мигрантите главно се од Сирија и од Авганистан.
 
Европската агенција не ги наведува причините за зголемувањето, но сугерира дека повеќето од луѓето што ги откриле, извесно време престојувале во Западен Балкан пред да се обидат да влезат во ЕУ.
Најголем број илегални обиди за влез на мигранти во земјава има на јужната граница. Точно 18.424 мигранти минатата година сакале илегално да влезат во Македонија. Најризично подрачје што мигрантите го користеа во 2021 година за илегално преминување е во реонот на селото и граничниот пункт „Богородица“, односно пограничните села во Гевгелискиот регион, поради поставеноста на стационираните кампови во близина на Солун и камповите во близина на граничната линија со нашата држава.
 
Легалниот влез на мигрантите во Македонија од Грција одамна е забранет. Секој мигрант што ќе биде откриен, се депортира назад во Грција. Во нивниот илегален поход кон земјите од Унијата, како што велат од македонската полиција, за паричен надоместок имаат поддршка од добро организирани криминални групи, кои во соработка со нивни „колеги“ од Грција ги наведуваат по која рута е најбезбедно да се помине.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *