ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА ОД НАШАТА МЛАДОСТ- ОЛИВИЈА ЊУТН ЏОН

Веста за смртта на актерката и пејачка Оливија Њутн-Џон ги растажи нејзините обожаватели и колеги. Замина во легендите уште една пејачка, која ја одбележа младоста на цела една генерација во 70-те години.
 
Лавовски се бореше со тешката болест, а притоа секогаш со насмевка на лицето и позитивна мисла.
Оливија Њутн-Џон е родена во Кембриџ на 26 септември 1948 година. Нејзиниот татко бил Велшанец, надарен оперски пејач и поранешен офицер на МИ5, а нејзината мајка, Ирина Борн, била ќерка на познатиот нобеловец Макс Борн.
 
Оливија го претставуваше Обединетото Кралство на Евровизија во Брајтон во 1974 година со песната „Long Live Love“ и го освои четвртото место.
По четири години го сними мјузиклот по кој остана запаметена – „Брилијантин“ со Џон Траволта. 
 
Нивната изведба на „You’re the One That I Want“ е еден од нивните најпродавани синглови кој сè уште се пушта на радио станиците. Џон и Оливија повторно се сретнаа во 2018 година на специјален настан по повод 40-годишнината на Академијата за филмски уметности и науки.
 
Во текот на 1980-тите, таа продолжи да урива рекорди, со нејзиниот сингл „Physical“ од 1981 година и го достигна врвот на „Билборд“ музичката листа. Истата година, таа ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
 
Во својата кариера долга пет децении, таа издаде 28 студиски албуми и продаде над 100 милиони плочи. Добитничка е на четири Греми награди.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *