ЗАВРШИ ЧИСТЕЊЕТО НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО МИРАВЦИ И СМОКВИЦА – АКЦИЈАТА НА КОМУНАЛЕЦ

Во рамките на акцијата на Општина Гевгелија, во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за расчистување на дивите депонии на подрачјето на општина Гевгелија, заврши расчистувањето на дивите депонии, во близина на населените места Миравци и Смоквица. На исчистените локации, по чистењето и собирањето на сметот, ЈПКД „Комуналец“ постави ознаки за забрането фрлање на отпад.

 Градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов, при обиколката на локациите кај Миравци и Смоквица со в.д. директорот на ЈПКД „Комуналец“, Раско Чочков, изјави дека заштитата на животната средина е една од приоритетните задачи: – За таа цел, ќе бидат реализирани повеќе акции и проекти, најпрво, добро е да ги исчистиме расфрлените отпадоци кои ги има насекаде, поточно, крај секое населено место. 

За наредниот период е најавено чистење  во населеното место Серменин.  Од нивна страна беше упатен апел до граѓаните кои живеат во близина на овие населени места, сметот да не го фрлаат на недозволени локации.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *