ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА МЛАДИНСКИОТ ДОМ ВО ПРДЕЈЦИ

На површина од 580 метри квадратни во центарот на населеното место, наместо старото и недовршено здание, наскоро ќе никне нов модерен објект.
 
Заврши првата фаза од реконструкцијата, а вчера беше извршен технички прием, на кој присуствуваа градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Патрик Матх, пратеничката во Собранието, Ангелинка Петкова, како и претставници на ТАВ, изведувачот и надзорот. Изведувач на работите од реконструкцијата во првата фаза на Младинскиот дом е битолската фирма „Мегаконс“, а за надзорот беше задолжен ГИМ.
 
Целиот проект чини 12 милиони денари, кои средства се обезбедени со пренаменетите средства од ТАВ предвидени за изградба на карго аеродром во Штип. Покрај одобрените средства, Општина Гевгелија, изјави градоначалникот Сарамндов ќе издвои дополнителни средства од Општинскиот буџет за внатрешно уредување на Домот, опремување и инсталација на систем за затоплување.
 
По реконструкцијата, Домот ќе располага со голема сала за одржување на разни јавни, младински и културни настани, како и придружни простории. Ова е значаен настан за граѓаните на Прдејци бидејќи изградбата на објектот започнала пред повеќе од три децении, но никако не била завршена.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *