ЗДРУЖЕНИЕТО „ПОЛИМАТ 13“ ОД БОГДАНЦИ ВО ЗАШТИТА И ПРОМОЦИЈА НА ЕНДЕМИЧНОТО РАСТЕНИЕ МЕУРЕСТ КОЗИНЕЦ.

Здружението Полимат од Богданци ги презентираше активностите кои ги реализираше на подрачјето на општина Богданци во рамките на проектот,, Зачувување на ендемичните растенија во Македонија. Станува збор за проектни активности кои Полимат 13 од Богданци како локален партнер на Македонското еколошко друштво ги сработија во изминатиот период за заштита и промоција на ендемичното растенија Меурестиот козинец кое го има исклучиво во општина Богданци а се наоѓа на листата на критично загорзени растенија во земјава
Во рамките на проектот беше изработен мурал со растението во градскиот парк, во срцето на Богданци. Исто така, беше означена патека на козинецот на околните ридови со поставување на три табли од информативен карактер кои опфаќаат податоци за астрагалусот, за флората и фауната која го карактеризира Значајното растително подрачје „Богданци“. Меурестиот козинец се наоѓа на Националната Црвена листа на Р С. Македонија како критично загрозен вид,, информираа од здружението

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *