ЗЕЛС БАРА ИТЕН СОСТАНОК СО ВЛАДАТА ЗА ДА СЕ РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ НА ОПШТИНИТЕ СО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

На денешната 4-та седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС ), едногласно е изгласан заклучокот за итен состанок со Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а со цел изнаоѓање решение за проблемите предизвикани од енергетската криза.
Станува збор за голем проблем за кој градоначалниците веќе подолг период алармираат, а се однесува за енормното зголемување на сметките за електрична енергија, и доколку не се најде решение за надминување на оваа состојба, со тоа ќе се доведе во прашање функционирањето на општините, но и на образовните институции и јавните претпријатија.
На состанокот се дискутираше и за општата финансиска состојба на општините, каде што ЗЕЛС уште еднаш го потврди ставот дека за поголема финансиска самостојност потребно е зголемување на средствата од дотации и поголем процент од персоналниот данок на доход, како и данокот на додадена вредност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *