ЗКУД “БРАЌА ТОЛЕВИ” ДОСТОЈНО ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР НА ТРИ РАЗЛИЧНИ ФЕСТИВАЛИ

ЗКУД „Браќа Толеви“ од Прдејци, во периодот од 30 јуни до 5 јули 2022 година учествуваше на три фестивалски манифестации.
 
На 02 јули 2022 година тие настапија на манифестацијата ЕТНО КОЗАРА во Пискавица, Во првата недела од јули, во местото Пискавица и градот Бања Лука, се одржува традиционалната манифестација „Козарско етно“Козарското етно ги прикажува козарците како живееле во местата под планината Козара преку презентација на традиционални обичаи, култура и локална кујна. 
 
Настанот е обоен со автентичен етнички призвук преку Фестивалот на изворна песна и музика, на кој учествуваат групи од областа Козара како и гости од странство. На 3 јули следеше настапот на „Браќа Толеви“ во Бања Лука, додека на 4 јули друштвото настапи на XVIII Интернационален фестивал во Градишка, на кој настапија фолклорни ансамбли од Холандија, , Полска, Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина.
 
„На сите три фестивалски манифестации, нашите играорци, распоредени во две групи, се претставија во совршено издание и доследно го претставија богатиот македонски фолклор на што сме посебно горди,“ ни изјави претседателот на друштвото, Венци Попов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *