АКЦИЈА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА: НЕ КОРИСТИ МОБИЛЕН ДОДЕКА ВОЗИТЕ!

Оваа недела ОСБСП на Гевгелија, во соработка со РСБСП и Министерството за внатрешни работи спроведе акција низ улиците на градот под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш! Секој повик може да почека“. Членовите на Советот и ученици делеа флаери на учесниците кои управуваа моторни возила со кои се предупредува на опасностите кои може да настанат доколку го користите вашиот мобилен телефон додека возите.
 
Имено, во сообраќајот, мобилниот телефон како причина за одвлечено внимание на возачот се јавува во 20 до 25% од сите сообраќајни незгоди. Со развојот на технологијата, во наредните години се очекува оваа состојба дополнително да се влошува. Одвлеченото внимание е причина за голем број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, за многу несреќни животни приказни испишани на патиштата и на улиците, за тажни човечки судбини. Во многу ситуации користењето на мобилен телефон е ризично и опасно, особено кога возите, но и кога пешачите.
 
Статистиката на светско ниво покажува дека 45% од возачите го користат мобилниот телефон додека возат, а според истражувањата на РСБСП во Република Северна Македонија 63% од возачите користеле мобилен телефон додека возат.
Затоа, не користи мобилен телефон додека возиш! Секој повик може да почека!
РСБСП апелира до возачите да бидат посветени и внимателни во сообраќајот, да се фокусираат на патот и на случувањата во сообраќајот и да не користат мобилен телефон додека управуваат моторно возило.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *