ЦЕНАТА ЗА ЗОНИТЕ ЗА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

На 32-та седница на Советот на Општина Гевгелија, која ќе се одржи во четврток, на 19 октомври, пред советниците ќе се најде ПредлогОдлуката за уврдување цени за зонското паркирање во општината, а во врска со Одлуката за определување зони за зонско паркирање на подрачјето на Општина Гевгелија од 2020 год.
 
Да ве потсетиме, со оваа Одлука се определуваат јавните паркиралишта и другите јавни површини на подрачјето на град Гевгелија на кои ќе се применува системот на зонско паркирање како и начинот, условите на паркирање, времетраење на паркирање, негово ограничување, начинот на наплатата како и начинот на означување на ограничувањето на отворените јавни паркиралиште или зонско паркирање.
Зонското паркирање ќе го организира ЈПКД„Комуналец“-Гевгелија, и ќе се применува на цела територија на град Гевгелија поделено по зони, односно: прва црвена зона „А“, втора жолта зона „Б“ и трета зелена зона „Ц“.
 
Прва црвена зона „А“ го опфаќа порачјето на следниве улици:
– ул.”7 Ноември” од Амамот до крстосница со “Маршал Тито” и “Димитар Влахов”
– ул “Димитар Влахов” до крстосница со “Јосиф Јосифовски” и “Ристо Фршинин”
– ул. “Маршал Тито” од крстосница со “Ѓорѓи Велков” до крстосница со “7 Ноември” и “Димитар Влахов”
– ул. “Гевгелиски партизански одреди” (освен паркинг пред СОУ “Ј.Јосифовски”)
– ул.”Маршал Тито” –Библиотека до крстосница со “Таља Бикова” и “Мирче Ацев”
 
Втората жолта зона „Б“ го опфаќа подрачјето помеѓу границата со зоната „А“ до улиците:
– ул. “Кирил и Методи”
– ул. “Борис Карпузов”
– ул. “Ристо Фаршинин”
– ул “Јосиф Јосифовски” до спортска сала „Партизан“
– ул. “Гевгелиски партизански одреди” –паркинг пред СОУ “Ј.Јосифовски”
– ул. “С.М. Данко” до крстосница со ул. “Борис Кидрич”
– ул. “Радован Ковачевиќ” до крстосница со ул, “Деко Ковачев”
– ул “Булевар Гевгелија” до семафори (крстосница со “Деко Ковачев”)
Во оваа зона влегуваат следните јавни површини наменети за паркирање:
 посебен паркинг простор на Библиотека “Гоце Делчев”,
 посебен паркинг простор кај спортска сала “26 Април”,
 
И во третата зелена зона „Ц“ влегува преостанатиот дел од територијата на град Гевгелија односно:
– ул.”Ѓорѓи Стамов” и паркингот пред Итната медицинска помош
– ул.”Гоце Делчев”,
– ул.”Миле Пецанов” (од крстосница со ул. Леонид Јанков до крстосница со ул.Панче Пешев”) и паркингот на Новиот градски пазар,
– ул. “Булевар” (од семафори до кружен тек)
и оние јавни површини кои не влегуваат во претходно наведените зони.
 
Наплатата на паркирањето ќе се врши од понеделник до сабота, согласно Ценовникот што ќе го изготви и предложи ЈПКД„Комуналец“-Гевгелија, за којшто треба да добие согласност од Советот на Општина Гевгелија.
Од понеделник до петок наплатата ќе се врши во период од 07:00 часот до 21:00 часот, а во сабота од 07:00 часот до 17:00 часот.
 
Во недела и за државни празници зонскиот режим на паркирање нема да се применува и наплатува.
Времетраењето на паркирање во Зона „А“ е ограничено на 120 минути, во Зона „Б“ и Зона „Ц“ времетраењето на паркирањето е без ограничување.
Достава на стока ќе се врши од 23:00-10:00 часот и од 16:00-19:00 часот со задржување до 30 минути. Одобрувањето за достава на стока за возилото треба да биде изложено од внатрешната страна на ветробранското стакло.
Подрачни единици (одделенија) на државни органи, сместени во подрачјето на Зоната „А“ и „Б“, користат бесплатно паркинг простори за своите службени возила.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *