ЧЛЕНКИ НА „МОБИЛНОСТ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА УЧЕСТВУВАА НА 29. РЕПУБЛИЧКИ КВИЗ НАТПРЕВАР ВО СТРУГА

На 07-08.10.2023 година, во хотелот “Галеб” во Струга, се одржа 29. Републички квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
Мобилност Гевгелија беше преставуван од три членки и тоа Благица Ѓоргиевска, Љубица Марковска и Валерија Пеева кои за прв пат учествуваа како натпреварувачи во квиз натпреварот.

По претходно одржаните квалификациски натпревари на 14.09.2023 во здружените членки на сојузот, тринаесет здруженија пријавија учество на овој прекрасен настан кој изобилуваше со многу знаење, самодоверба и снаодливост од страна на сите учесници.
 
По одржаните четири четвртфинални квиз натпревари во саботата, 8 екипи изборија пласман во полуфиналните борби, за да на крај четирите најдобри екипи (првопласираните две од секоја полуфинална група) се пласираат во големото финале. Иако Мобилност Гевгелија не влезе во финалните натпревари сепак ова беше убаво искуство за сите учесници. Честитки до сите победници и сите учесници, и Благодарност до организаторите Мобилност Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *