ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА – ИЛИНДЕН ОДБЕЛЕЖАН ВО ГЕВГЕЛИЈА

Со положување цвеќе пред споменикот на Сава Михајлов, бистите на народните херои и првоборците и костурницата на паднатите борци, денеска во Гевгелија, делегации од боречката организација, од Општина Гевгелија, членови на општинскиот Совет, претставници на политички партии и „здруженија на граѓани“ ја одбележаа 119 годишнината од Илинденското востание и 78 години од првото заседание на АСНОМ.
 
За значењето на светлите датуми мошне емотивно, со солзи во очите говореше претставникот на гевгелиските борци ,Јани Ташковски , кој истакна дека македонскиот народ со двата Илиндена јасно ја истакнал својата желба да живее во слободна и независна држава.
 
– Денеска им оддаваме почит на сите знаени и незнаени Македонци кои ги положија своите животи во остварувањето на главната цел,создавање независна македонска држава. Со Илинденското востание, македонскиот народ и покрај големите жртви не успеа да создаде своја независна држава.
Тоа се случи дури во текот на Втората светска војна, кога заедно со другите југословенски народи, и македонскиот народ застана на вистинската страна, на антифашистичката коалиција.
 
Четири години Македонија беше под окупација на бугарската царска фашистичка војска, која се обиде со стрелања, терор, палење на куќи и големи зулуми да ја скрши вољата на македонскиот народ за да создаде своја држава. И јас лично, рече Ташковски, сум сведок кога бугарската фашистичка царска војска ја запали и нашата куќа, овде во Гевгелија.
 
Сепак, со Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Тоа претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија во склоп на југословенската федерација. На него се донесени повеќе решенија, меѓу кои се решението за конституирање на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ во врховно законодавство и извршно тело на Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава,
 
Нека Илинден биде потсетник на нескршливата волја на македонскиот народ, вербата во себе и во својата држава, нагласи меѓу другото во обраќањето Јани Ташковски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *