ДИМИТАР ВЕГОВ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА

По шест и пол години, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија, на предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, деновиве доби нов претседател, Димитар Вегов.
 
Димитар Вегов е роден на 04.11.1990 година во Гевгелија, каде што го завршува основното образование во ООУ „Крсте Мисирков“. Во СОУ Јосиф Јосифовски завршува гимназија, општествено хуманистичка струка, по што се запишува на Економскиот факултет во Скопје, на департмантот по Е-бизнис.
По дипломирањето, магистрира на истиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во областа Монетарна економија, финансии и банкарство. Вработен е во Стопанска банка а.д. Битола
 
Член на ВМРО-ДПМНЕ е од 2010 година. Член е на Општинскиот комитет на УМС од 2015 до 2017 година, а во 2017 станува член и на Општински комитет. Претседател е на комисијата за Економија при Општински Комитет во Гевгелија од 2019 година до 2022 година. Повеќе од 7 години активно учествува во креирањето на локаните политики за младите, но и за сите граѓани на Општина Гевгелија.
Гевгеличани го познаваат Димитар како комуникативен човек израснат во чаршијата во својата Гевгелија но и како еден од најдобрите играчи на Ракометниот клуб „Партизан“, каде долги години дава свој придонес во развојот и успесите на гевгелискиот ракометен прволигаш.
 
На својот Фејсбук профил, Димитар им изрази благодарност за поддршката до сите членови на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија, а посебно на досегашниот Претседател на Општинскиот Комитет Гевгелија и сегашен градоначалник на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, за досегашниот придонес и успешна работа.
Ќе продолжиме, пишува Вегов, заедно да се бориме, уште појако и уште посилно за да ги постигнеме целите обединети и сплотени.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *