ДО ДЕНЕСКА ШС „КОЖУФ“ ИМА ИЗДАДЕНО 80 ДОЗВОЛИ ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМА

Секој што сака да се движи во шума за време на забраната за движење, а живее на територијата на Општина Гевгелија, може да извади бесплатна дозвола за движење во Шумската подружница „Кожуф. Со тоа ние ќе имаме евиденција кој се движи во шумите, изјави за Тв Нова 12 одговорното лице за издавање дозволи, Златко Митров. Тој посочи дека од воведувањето на забраната, па се до денеска, тие имаат издадено осумдесеттина вакви дозволи.
 
Тој објасни дека оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *