„МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ОД ОПШТИНИТЕ ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И ДОЈРАН УТРЕ, СРЕДА, 29 МАЈ, ПОВТОРНО ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ.“
Приватните матични лекари од Гевгелија, Богданци и Дојран сите членки на Здружението на приватните лекари на Македонија утре, среда, 29 мај, во 12 часот пред просториите на ФЗОМ закажаа протест за да го искажаа своето незадоволство и револт кон Фондот, со кој тие се обврзани.
Како што ни изјави д-р Христина Прошева, координаторот од ЗПЛРМ за Гевгелија ,Богданци и Дојран д-р Христина Прошева, незадоволството е предизвикано од симнувањето на режимот на пропишување на одредени лекови за висок крвен притисок, едни од најпрепишуваните до сега.
„ Последните реформи што се најавија од страна на Фондотза здравственото осигурување заедно со Министерството за здравство, истакна д-р Прошева, Фондот не ги заврши до крај и сето тоа се реперкуира на грбот на матичните лекари. Имено, со симнување на режимот на препишување на овие лекови, а се со цел да се растерети секундарното здравство Фондот имаше обврска да ги зголеми и буџетите на матичните лекари за препишување на оваа терапија.
Но, сега сите матични лекари се соочуваат со парични казни а се поради редовното препишување на хроничната терапија на населението, бидејќи располагаат со одреден буџет за препишување на овие лекови, а за кои пациентите мора да одат на лекар специјалист.
Со последната реформа за отфрлање на режимот на пропишување на одредени лекови, која ја инициравме и ја поддржавме безрезервно ние очекувавме тоа да се применува во пракса а се со цел да им помогнеме на нашите пациенти да не мора да чекаат термини само да ја ажурираат својата терапија, заврши д-р Прошева“.