Д-Р ПАТРИК МАТХ НАЗНАЧЕН ЗА В.Д ДИРЕКТОР НА ОПШТАТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Министерот за здравство Арбен Таравари го назначи оваа недела д-р Патрик Матх, доктор специјалист по интерна медицина и супспецијализант по кардиологија на Медицинскиот факултет во Скопје на Клиниката за кардиологија, за в,д директор на Општата болница со проширена дејност во Гевгелија.
 
Д-р Матх средно образование завршува во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во 1987 година. По отслужувањето на воениот рок, во 1989 година се запишува на Медицинскиот факултет во Скопје каде дипломира во 1995 година. Од 2010 до 2014 специјализира Интерна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје. Од 2021 година супспецијализира кардиологија на Клиниката за кардиологија на Медицинскиот факултет во Скопје. Од 2022 година е професор по Интерна медицина и педијатрија во СОУ „Богданци“ во Богданци.
 
Д-р Патрик Матх има стекнато големо професионално искуство , и тоа во 1996 година, шест месеци поминува во Одделението за Итна медицинска помош во Општата болница во Гевгелија, по што во 1997 година една година работи на Катедрата за хемодијализа, по двомесечната едукација за хемодијализа и еден месец едукација за перитонеална дијализа-сертифицирана.. Од 1998 до 1999 година работи во Диспанзерот за дијабетес, во моментов сертифициран како еден од двајцата специјалисти за препишување инсулински третман по двомесечно образование со сертификат.
 
Од 2000 до 2010 година работи во приватна ординација за Фамилијарна медицина. Во 2012 година завршува основен курс по ехокардиографија во Белград.
Од 2015 година па се до денес работи како интернист на Одделението за интерна медицина при Општата болница со проширена дејност во Гевгелија.
 
Во 2016 година два месеци посетува меѓународна програма за размена во Универзитетскиот медицински центар Љубљана и лиценциран е(по положен тест) за ултразвучна дијагностика-основна абдоминална ултрасонографија на атедрата за гастроентерохепатологија. Во 2020 година е одговорен доктор во Ковид центарот во Општата болница Гевгелија.
По локалните избори во 2021 година станува и Претседател на Советот на Општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *