ДРЖАВАТА ДОЛЖИ ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА НА ПРИВАТНИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ!

ДРУГАРИ ИДНИ ПЕНЗИОНЕРИ, ВНИМАНИЕ.
 
Од вкупните нето средства што ги имаат трите приватни задолжителни пензиски фондови („Сава“, „Триглав“ и „КБ Пензиско“) кои на крај на 2022 година изнесуваат 1,846 милијарди евра, 55 отсто се дадени на заем на државата.
 
Приватните задолжителни пензиски фондови и банките се најголеми кредитори на државните трошења, покажуваат најновите официјални податоци за јавниот долг достапни на веб страницата на Министерството за финансии. Вкупно на домашниот пазар кај свои кредитори државата преку записи и обврзници должи 2,285 милијарди евра.
 
Дури една милијарда евра пари на идните пензионери се вгнездени во јавниот долг поточно во државни записи и обврзници издадени од Министерството за финансии, покажуваат податоците достапни на базата на Министерството за финансии.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *