ЕРИК МЕЈЕР, ЗАМЕНИК ШЕФ НА МИСИЈАТА НА АМБАСАДАТА НА САД :

НАПРАВИВТЕ ГОЛЕМА РАБОТА ОВДЕ ВО УМА, ЈА ПРОМОВИРАВТЕ МОЌТА НА ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА И НИЕ СМЕ ГОРДИ НА ВАС
 
АНДОН САРАМАНДОВ, ГРАДОНАЧАЛНИК:
ОВОЈ ПРОЕКТ Е ПОКАЗАТЕЛ ДЕКА ОПШТИНАТА ГИ СЛУША ПОТРЕБИТЕ НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ И ГИ ПОДРЖУВА НИВНИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ.
 
Денес, во селото Ума, општина Гевгелија, тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежа за рурален развој на Македонија, во партнерство со Локалната акциска група Бојмија организираше настан по повод завршувањето на првата заедничка акција во селото Ума, изградба на дел од главната улица во селото, чистење на дивата депонија и поставување на специјални контејнери за одлагање на отпадот.
 
На настанот, покрај заменик шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер, присуствуваа и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, гостите од УСАИД, претседателот на Мрежата за рурален развој, Петар Георгиевски, Ристо Атанасовски од ФЛОРИТ, претседателот на здружението „Мегленија“, Венци Николов, жители на населеното место Ума, како и претставници од граѓанскиот и приватниот сектор од општина Гевгелија.
 
Најнапред пред присутните се обрати Ристо Атанасовски, во име на Локалната акциска група „Бојмија“ и „Флорит“ од Гевгелија, кој истакна дека е задоволен што се дел од овој проект во кој се вклучени населението на Ума,здружението „Меглемија“, кое ја покрена оваа иницијатива и ЛАГ „Бојмија“ која ги спои потребите на локалното население со финансиската поддршка од УСАИД. Ова, рече тој, нека биде пример за наредните генерации како да се решаваат локалните проблеми.
Петар Георгиевски,претседателот на мрежата за рурален развој, во своето обраќање искажа задоволство од овој проект, кој докажува дека државата, локалната самоуправа и руралните средини треба заеднички да работат, со идеи и проекти за развој на руралните заедници.

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека овој проект е показател дека општината ги слуша потребите на своите граѓани и ги поддржува нивните иницијативи и проекти. Покрај оваа иницијатива, заедно со УСАИД, Општина Гевгелија има уште еден проект за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, во чии рамки се работи новата стратегија за економски развој на Општина Гевгелија. Развојот на туризмот и туристичката инфраструктура зазема посебен дел од оваа стратегија. Им честитам на граѓаните на Ума за исчистената депонија, со која се грижат за својата животна средина, а ние, заедно со ЈПКД „Комуналец“ ќе се погрижиме отпадот од ова населено место навремено да се собира.

Заменик шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер најнапред се заблагодари на срдечниот пречек во ова село и во овој дел од Македонија, во кој, за прв пат доаѓа. Тој потенцираше дека е восхитен од покажаното единство и партнерство на сите локални чинители во иницијативата и завршувањето на овој проект, за кој речедека треба да биде одличен пример и за другите општини во Македонија. Покажавте визија, рече Мејер, ги сплотивте заедно со другите чинители вашите вештини, и резултатот не изостана, бидејќи само вие, жителите на Ума најдобро си ги знаете своите потреби.
 
Направивте голема работа, рече на крајот Мејер, ја промовиравте моќта на локалната зедница преку заедничко партнерство, и затоа,како Амбасада на САД сме горди на вас и секогаш ќе стоиме зад некоја наредна иницијатива која ќе ја покажете.

На крајот на овој свечен настан, настапија играорците од КУД „Бојмија“ кои за гостите изведоа специјална програма.
 
Инаку, Програмата на УСАИД за развој на заедницата го унапредува одржливиот развој на руралните средини во Северна Македонија преку зголемена вклученост на локалните чинители во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата – при тоа потпирајќи се на сопствените ресурси и на зголемениот ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо-економски и еколошки иницијативи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *