ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ГЕВГЕЛИЈА ПОД ВРШНИК НА + 42

Македонија е влезена во портокалова зона од четвртокот и на територијата на цела држава се регистрираат високи температури,Најтопло, како што е тоа вообичаено е во Гевгелија.
Еве како апокалиптично изгледа градот во најтоплиот период на денот.
И за денеска се предвидува сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Најтоплоќе биде во Гевгелија каде живата во термометрите ќе се искачи до 42 степени Целзиусови.
Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен, а во северните делови од северен правец. Кон крајот на денот северниот ветер долж Повардарието ќе засилува и ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ=9
И во следните денови подрачјето на нашата земја ќе се задржи под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Денес кон крајот на денот долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Нестабилност на повеќе места се очекува во среда и во четврток во попладневните часови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *