„ФЛОРИТ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА ГО СТАРТУВАШЕ ПРОЕКТОТ ЗА РАЗВОЈ И ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ СЕКТОР

Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, денеска, го реализираше почетниот состанок (kick-off meting) во рамки на проектот: „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“. Со тоа,се означи и официјалниот почеток на проектот. На работниот состанокот присуствуваа претставници од партнерските организации од Американското земјоделско училиште од Солун, Грција, како и од Мрежата за рурален развој од Скопје. На состанокот, исто така присуствуваа и претставници од Заедничкиот технички секретаријат од Солун, кои ќе ги мониторираат проектните активности. Проектот „IDEAS“ е аплициран во Вториот повик на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Македонија, за програмскиот период 2014 – 2020” и е финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *