„ГАРАНЦИЈА ЗА МЛАДИ“, ПРОЕКТ СО КОЈ МЛАДИТЕ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ИМААТ МОЖНОСТ ДА ДОБИЈАТ РАБОТА

Центар за поддршка на НВО – Гевгелија апелира до сите млади во општина Гевгелија на возраст од 15 до 29 години, кои не се вработени и не се во процес на образование или обука и не се пријавени во Агенција за вработување, имаат можност да станат дел од проектот Гаранција за млади и имаат шанса да се вклучат во некоја од активните мерки на Агенција за вработување.
 
Преку Гаранција за млади, младите од општина Гевгелија ќе имаат можност да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување, во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во Агенција за вработување. Во општина Гевгелија дејствуваат теренски работници кои им даваат информации и поддршка на заинтересираните млади лица кои сакаат да се вклучат на пазарот на труд.
 
Заинтересираните млади лица за информации и пријавување може да се обратат секој ден од 09 до 18 часот на следните броеви: 078 310 811, 070 939 079, 078 281 662 .

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *