ГОРДАНА ПЕТРОВА НА ЕДЕН УНИКАТЕН НАЧИН ИЗРАБОТУВА УМЕТНИЧКИ СУВЕНИРИ ОД КЕРАМИКА

Гевгелиската уметница, Гордана Петрова, веќе подолг период рачно изработува уметнички сувенири и реплики од пронајдени археолошки предмети на територијата на Република Македонија. Ја посетивме во нејзиното „мини атеље„ во Пионерскиот дом, каде секојдневно, под нејзините вредни раце се раѓаат керамички предмети.
 
„Го работам ова со многу љубов, и на еден карактеристичен и единствен до сега начин, со втиснување на глина во подготвениот калап, изработувам предмети и реплики кои потоа наоѓаат место во институциите и по домовите на заинтересираните граѓани. До сега, дел од моите сувенири, како што се на пример тропалките стигнаа и до ООН, до музејот во Стоби, во Домот на Мајка Тереза.“
 
„Би сакала, рече Петрова да изразам голема благодарност до градоначалникот Андон Сарамандов, кој ми овозможи да работам овде, во Пионерскиот дом“ и да изработувам сувенири кои го носат печатот на ова поднебје. Се надевам, рече на крајот Петрова, дека наскоро ќе имаме и Туристичко биро, каде овие мои предмети, но и сувенири изработени од други уметници, ќе може да се изложат и да се понудат на продажба на туристите кои ја посетуваат Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *