ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ:

ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКАТА РАЗВОЈНА ЗОНА ВО ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ БИДЕ ПРВА ЗЕЛЕНА ЗОНА ВО МАКЕДОНИЈА.
 
Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на денешната средба со новинарите за новиот развоен концепт на ТИРЗ, со кој Технолошко индустриската зона во Гевгелија ќе стане првата „зелена“ инвестициска зона во земјава која ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии и ќе функционира како Јавно приватно партнерство, појасни дека за првите пет месеци економијата во рамки на зоните покажува сериозни и добри резултати и покрај ризиците од последиците од руско-украинската војна и ризиците поврзани со движењата на цените на енергетските пазари.
 
Оваа зона ТИРЗ ја изработи во партнерство со меѓународната консултантска компанија Deloitte.
„Отвораме можност за прва зелена зона во Македонија. Целосно го менуваме концептот на развој. Луѓето, земјата се ограничени ресурси и ќе извадиме најголема добивка за сите граѓани. Со овој нов модел се очекува да се вложат 120 милиони евра во инфраструктурата и развој на зоната во Гевгелија и да се поттикнат инвестиции во обем од 400, како и да се отворат над 3000 работни места.
 
Тој додаде и дека зоната во Гевгелија ќе се финансира преку моделот на новиот Зелен стратешки фонд кој се базира на инвестиции во проекти кои генерираат конкретни приходи за ТИРЗ и инвеститорите, а во исто време нема дополнително оптоварување ниту за буџетот, ниту за граѓаните.
Зоната во Гевгелија предвидува и можност за развој на здравствена економска зона, која би била прва ваква и во земјава, но и во регионот.
 
„Идејата за здравствена зона произлезе од анализата и во консултации со Министерството за здравство. Државата ќе поддржи и инвестиции во напредни технологии во здравствениот сектор и здравствени услуги. Клучен аспект е близината на границата со Грција, којашто е сериозен пазар за овој сектор и отвора можност за значителни приходи и нови високо платени работни места“, појасни Деспотовски.
 
Договорот за Јавно приватно партнерство за оваа зона треба да биде реализиран до крајот на 2022 година, а според студијата развојот ќе оди во три фази. Првата фаза опфаќа можност за наем на 50 хектари земја за кои концесионерот треба да изготви финансиска план, план за изградба, дизајн и одржување на зоната како и проекција на потенцијалниот приход за државата. Втората фаза на проширување на зоната со дополнителни 70 хектари, ќе зависи од успешната имплементација на првата фаза односно дали се постигнати цели за приход на државата по метар квадратен.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *