ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО МОИН

Во тек се градежните активности за реконструкција на Домот на културата во населеното место Моин. Објектот беше во лоша состојба и долги години претставуваше опасност за локалното население. По изготвување на проектната документација, од неодамна, започна реализацијата на Проектот.
Вкупната вредност за реконструкцијата на Домот на културата во Моин, проект за којшто Општина Гевгелија аплицираше преку Центарот за развој на ЈИПР до Бирото за регионален развој, изнесува 13.551.139 денари наменети за изведување градежни работи, електрична енергија и уредување на санитарни јазли. Од кои 2.138.378 денари се средства на Општина Гевгелија од Буџетот за 2023 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *