МИКИ ТРАЈКОВ, „KOZUF KENNEL KLUB“:

НА ИЗЛОЖБАТА НА РАСНИ КУЧИЊА „ГРАН ПРИ ГЕВГЕЛИЈА 2022“БЕШЕ ПРИСУТНО НАЈДОБРОТО ОД БАЛКАНОТ.
 
На терените на Негорски Бањи во близина на Гевгелија на 4 и 5 јуни 2022 година се одржа меѓународна изложба на кучиња од сите раси „Гран при Гевгелија 2022“ , две изложби на ЦАЦИБ, и три специјализирани изложби на расни кучиња, кои успешно ги организираше кинолошкото друштво „Кожуф“.
 
Како што ни изјави по завршувањето на манифестацијата, претседателот на клубот Мики Трајков изложбите беа организирани под покровителство на Кинолошкиот Сојуз на Македонија , кој е член на Светската Кинолошка Федрација – ФЦИ, додека Покровител на изложбите беше Општина Гевгелија и нејзиниот градоначалник, Андон Сарамандов, додека спонзори беа Принцес Казино , Вори , Винарија Маркудов и Стоби Винарија, Дон Андон и 5 Нет од Гевгелија.
 
Како што изјави Трајков, на сите изложби беа присутни квалитетни раси на кучиња, односно, најдоброто од Балканот беше присутно овие два дена во Гевгелија.
 
Освен двете меѓународни и една државна изложба, објасни Мики Трајков, беа организирани и три специјализирани расни изложби, организирани во соработка со националните клубови за расни кучиња.
 
Така, на овие изложби се појавија 70 Доберман учесници, 60 Кане Корсо и 20 Француски булдози.
Квалитетот беше на високо ниво бидејќи учествуваа многу победници на Европски и Светски изложби.
 
Според Трајков, оваа година на изложбата учествуваа претставници од десеттина земји од Европа, и тоа од Полска, Украина, Чешка, Бугарија, Србија, Грција, Романија, Хрватска, БИХ, Германија. Тие со своите над 300 четириножни миленичиња се бореа за престижните награди и признанија.
 
На оваа изложба која веќе десеттина година се одржува во нашиот град, оценувањето на расните кучиња го вршат интернационални судии од Македонија, Србија, Италија, Грција, Полска и Јужна Африка.
 
Ова беше убава можност , покрај другото, да се претстави и Општина Гевгелија и нејзините можности за развој на туризмот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *