НА 43.СЕДНИЦА ГЕВГЕЛИСКИОТ СОВЕТ ЌЕ ГО РАЗГЛЕДА ЕЛАБОРАТОТ ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ВО МАРТ ГОДИНАВА

Советот на Општина Гевгелија, на 18 јуни 2024 година, ќе ја одржи својата 43. седница, на којашто ќе го констатира престанокот на мандат на стар и го верифицира мандатот на нов член во Советот. Покрај тоа, ќе заседава по Предлог-Програмата за финансирање проекти и програми од областа на НВО во општина Гевгелија за 2024 година, Елаборатот за процена на штета од природна непогода- невреме проследено со дожд и град што ги зафати населените места: Гевгелија, Мрзенци, Негорци, Милетково и Богордица на 12 март 2024 година, како и по Предлог-Решенија за давање согласност на Годишните планови за вработувања во образовните институции за 2025 година. На дневен ред се и точките за состојбата со кучињата скитници во општината, и состојбата со снабдување со вода за пиење во населените места.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *