НА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА ИЗБРАНО НОВОТО РАКОВОДСТВО

Сојузот на борците и нивните поддржувачи од Гевгелија, на годишното собрание кое се одржа во просториите на Здружението откако избра работно претседателство, дискутираше за својата работа во изминатата 2021 година, како и за Програмата за работа за оваа, 2022 година.
 
На ова собрание присутните членови го избраа и новото раководство за наредните четири години. За претседател, повторно беше избран Ристо Марковски, потпретседател наредниот период ќе биде Јане Ташковски, додека Ангел Алчинов ќе ја извршува функцијата секретар и делегат во Републичкото собрание на Сојузот на борците на Македонија.
 
По изборот, претседателот Марковски изјави дека и понатаму Сојузот на борците од Гевгелија ќе ја продолжи својата работа на полето на почитување на сите светли датуми од НОВ, како и грижата за споменичните обележја на територијата на Општина Гевгелија, а во исто време ќе работи на привлекување на млади поддржувачи на Сојузот на борците.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *