НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО ГЕВГЕЛИЈА.ОК НА ВМРО ДПМНЕ ЈА ПРОСЛАВИ ДВОЈНАТА ПОБЕДА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ И ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ!

Градскиот плоштад во Гевгелија, по објавувањето на резултатите од претседателските и парламентарни избори одржани на 8 мај, беше исполнет со голем број на членови, симпатизери и граѓани на Гевгелија. До доцна во ноќта, со музика, скандирање и развеани знамиња, беше прославена двојната победа на ВМРО ДПМНЕ.
На овие, двојни избори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освои 58 мандати во македонското Собрание, а кандидатот Гордана Сиљановска-Давкова стана прва жена претседател на Македонија.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија упати голема благодарност до граѓаните на Општина Гевгелија за масовната поддршка која ја дадоа на овие избори. Овој историски резултат, велат од таму, за нас претставува обврска да продолжиме да работиме посветено, чесно и одговорно, а во служба на сите граѓани на Општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *