НА УТРЕШНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕ НАЈДЕ И ИНФОРМАЦИЈАТА НА МЦСР- ГЕВГЕЛИЈА СОСТОЈБАТА СО ИЗГРАДЕНОСТ НА АРХИТЕКТОНСКИ БАРИЕРИ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

На 32-та седница на Советот на Општина Гевгелија, советниците ќе ја проследат информацијата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Гевгелија за состојбата со изграденоста на архитектонските бариери за лицата со посебни потреби.
Меѓуопштинскиот центар, покрај информацијата, и препорачува на локалната самоуправа да ги задолжи институциите на локално ниво да планираат и предвидат финансиски средства за изградба на архитектонски бариери за лицата со посебни потреби.
 
Во координација со здруженијата на инвалидски организации на телесни инвалиди тие, пред советниците ќе ги посочат и проблемите со кои се соочуваат во секојдневното живеење и предлози за нивно решавање.
Така, овие лица бараат повеќе пристапни рампи, особено до банките, индивидуалните згради, супермаркетите и верските храмови. Покрај ова, овие лица имаат потреба и од посебни паркинг места, како и лифтови во станбените згради каде живеат.
 
За лицата со оштетен слух и говор има потреба од толкувач на ниво на локалната самоуправа, за лицата со оштетен вид изградба на тактилни патеки особено до Здравствениот дом и Општата болница, повеќе сообраќајници со спуштени рабници, како и звучни семафорски уреди.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *