ОБУКИ ЗА РЕГУЛАТИВИ НА ЕУ ЗА ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА, СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО НАССР И IЅО 22000 ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „IDEAS“

Проектот „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“ го имплементира Фондацијата за локален и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ од Скопје.

Проектот „IDEAS“ се стреми да понуди решенија на идентификуваните предизвици преку промовирање на претприемништвото кај младите со цел да се создадат нови одржливи агро – бизниси. Во рамките на предвидените активности за остварување на проектните цели, Мрежата за Рурален Развој на Северна Македонија спроведе и обука на тема “Регулативи на ЕУ за здравје и безбедност на храна, системи за управување со HACCP и ISO 22000”.

Целта на обуката беше да им обезбеди на учесниците сеопфатно разбирање за здравјето и безбедноста на храната, ЕУ регулативите кои се однесуваат на безбедноста на храната, HACCP принципите, стандардот ISO 22 000 и имплементацијата на ефективни системи за управување со безбедноста на храната. Обуката вклучуваше презентации, практични вежби и интерактивни дискусии.

За време на обуката, учесниците имаа можност да го посетат и објектот на Маби Трејд во Струмица, реномирана конзервна фабрика која целокупното производство го пласира на европските пазари. Оваа посета на учесниците им овозможи да стекнат искуство како се имплементира HACCP системот.

Сведочејќи ја практичната примена на принципите на HACCP во работењето, учесниците стекнаа вредни сознанија за тоа како ефективни мерки за безбедност на храната може да се интегрираат во секојдневната работа, дополнително унапредувајќи го нивното разбирање и важноста за спроведувањето на HACCP.
 
Проектот „IDEAS“ се имплементира во рамки на Interreg IPA – CBC програмата за прекугранична соработка ГР-МК за програмскиот период 2014-2020, а е ко-финансиран од националните фондови на земјите учеснички.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *