ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ ОД НОАВМ 1941-1945 И ГРАЃАНИТЕ ПРОДОЛЖУВАЧИ – ГЕВГЕЛИЈА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 80-ГОДИШНИНАТА ОД БИТКАТА КАЈ КЛЕНОЕЦ

Во присуство на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, претставници од боречките организации од Кичево, Охрид и Струга, делегација од родниот град на Јосиф Јосифовски – Свештарот, Гевгелија, и почитувачи на оваа епопеја, денес беше одбележана 80-годишнината од крвавата битка кај село Кленоец.
Претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање помеѓу другото истакна дека на овие простори имало големи случувања во времето на НОВ, почнувајќи од првата печатница на планината Лопушник, првото училиште на македонски јазик во село Подвис, големата битка кај село Кленоец, каде што денес сме присутни и многу други. Одбележувањето беше збогатено и со настап на КУД „Бисер“ одКичево.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *