ОШТЕТЕНИТЕ ГРАЃАНИ ОД СЕРМЕНИН, НОВО КОНСКО И МОИН МОЖАТ ДА ДОСТАВАТ БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ОД ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ

Вчера, населените места Серменин, Ново Конско и Моин во попладневните часови беа зафатени од невреме проследено со град. Иако краткотрајно, поради силината, градот предизвика сериозни штети врз земјоделските посеви. Поради тоа, Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои претрпеа штети дека од денеска, во просториите на Општина Гевгелија, можат да поднесат барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија.
 
Во прилог на барањето, кое треба да се подигне од пултот на влезот во општинската зграда, оштетените граѓани треба да достават имотен лист, договор за закуп, документи за машини или опрема, документи за жива стока или други документи, во зависност од тоа што е оштетено. По што, согласно законските прописи, Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата ќе постапи по доставените барања.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *