ОВАА ГОДИНА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ГО ЧЕСТВУВА ВОЗНЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО-СПАСОВДЕН СО ФОЛКЛОР, КЛАСИЧНА МУЗИКА, БАЛЕТ И ИЗЛОЖБИ

Општина Гевгелија и оваа година ќе го одбележи својот патронен празник-Спасовден со неколку културни манифестации. Организатор на настаните е Домот на културата „Македонија“.
 
Чествувањето на Вознесението Христово ќе започне на 1 јуни, среда со традиционалната манифестација „Распеана чаршија“, која ја негува македонската староградска песна и со Изложба на фотографии и видео материјал „Манастирите и црквите во гевгелиско“.
 
Наредниот ден, на 2 јуни, четврток, најнапред, во утринските часови, празникот ќе биде одбележан во манастирската црква „Свети Спас“ со црковна богослужба, на која се очекува да присуствуваат голем број на граѓани, како и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
Вечерта, Балетскиот ансамбл при Националната опера и балет ќе се претстави пред гевгеличани со балетската претстава „Ла, Ла, Ла“.
 
Празнувањето на Спасовден ќе заврши на 3 јуни, петок, со Изложба на Друштвото на ликовните уметници од Гевгелија и со концертот на класична музуика на која ќе настапат Маја Чаначевиќ – англиски рог и Ана Гацева-пијано.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *