ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО ТППЕ ГЕВГЕЛИЈА Е ИЗВРШЕНО ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ЛИЧНА ОПРЕМА

Денес, по повод 20 мај, Денот на Пожарникарството, во Територијалната противпожарната единица во Гевгелија беше извршено примопредавање на опрема во износ од 1.350.000 денари. Истата е обезбедена како резултат на меѓуграничната соработка со Република Бугарија од страна на Југоисточниот плански регион.
 
На примопредавањето, освен градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, присуствуваа и директорката на Југоисточниот плански регион Жулиета Ѓуркова, како и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, Ангелинка Петкова и Александар Николовски.
 
Најнапред, во име на советот на општина Гевгелија, во името на сите граѓани на општина Гевгелија и во негово лично име, празникот 20-ти мај на припадниците на територијалната противпожарна единица во Гевгелија им го честиташе градоначалникот Андон Сарамандов.
 
Тој им се заблагодари на гевгелиските пожарникари кои во изминатата година се залагаа и професионално си ги извршуваа своите задачи особено ако се знае фактот дека имаше голем број пожари на територијата на општина Гевгелија и еден голем пожар во близина на граничниот премин Богородица кога пожарникарите одлично се справија со опасната ситуација.
„Се надевам, рече Сарамандов, дека ова лето нема да имате полни раце работа“.
 
Потоа, градоначалникот Сарамандов и директорката на југоисточен плански регион Жулиета Ѓуркова извршија примопредавање на личната опрема за противпожарната единица во Гевгелија во износ од 1.350.000 денари, обезбедена како резултат на меѓу граничната соработка со република Бугарија од страна на југоисточен плански регион.
 
При тоа, Директорката на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова исто така им го честиташе денешниот празник на гевгелиските пожарникари, нарекувајќи ги „наши херои“. Денес, рече таа ја примопредаваме оваа опрема со најава дека наредниот месец, јуни, следува уште една дополнителна донација, која овој пат ќе се состои од напртњачи, моторни пили, мотори и противпожарни црева.
 
Во чест на гостите, како и на денешниот празник, пожарникарите на ТППЕ Гевгелија изведоа показна вежба на спасување на настрадани патници од автомобил учесник во сообраќајна несреќа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *