ПОЈАВАТА НА ВРНЕЖИ ГО ОДЛОЖИ АВИОНСКОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ЗА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА

Второто авионско прскање против возрасни комарци, кое денеска требаше да се спроведе на подрачјето на општина Гевгелија, е одложено, информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Причината за одлагањето на втората авионска дезинсекција е неповолните временски услови, односно појавата на врнежи во Југоистокот. Како што известија од Центарот за развој на ЈИПР, третманот ќе биде извршен во текот на нареднава недела кога временските услови ќе бидат погодни за негово спроведување. За точниот датум, граѓаните ќе бидат навремено известени, како пчеларите би презале навремени мерки за заштита на пчелните семејства, односно нивно затворање.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *