ПРЕТСТАВЕНО ТУРИСТИЧКОТО ЛОГО НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА, „ГЕВГЕЛИЈА, ЗАЧИНЕТЕ ГО ПАТУВАЊЕТО“

Општина Гевгелија со сите чинители во туризмот од општината работеше на туристичкиот идентитет на Гевгелија, од која соработка произлезе и туристичкото лого со неговиот слоган. Така, деновиве беше претставено и туристичкото лого, со новиот слоган Gevgelija Spice up the journey, или на македонски Гевгелија Зачинете го патувањето, на кое се претставени сонцето, срцето и кривата линија, што ќе рече трите работи по кои Гевгелија е препознатлива, а тоа се летните горештини, гостопримливиот и мирољубив народ, како и убавините на планината Кожуф.
 
По тој повод се отпечатени и маици направени во соработка со угостителските објекти, при што вработените во овие објекти ќе ги носат маиците во боите на новиот туристички идентитет, и со тоа ќе ја претставуваат Гевгелија пред домашните и странски туристи кои транзитираат низ градот, и кои се честа дестинација за кратка пауза, освежување или здивнување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *