ПРОМОТИВЕН НАСТАН ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СВЕСНОСТА ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА ДЕЦА

Вчера, во општина Гевгелија се одржa промотивен настан: „Подај рака и промени живот- Стани згрижувач!“. Истиот е дел од кампањата на СОС Детско село за покренување на свеста и информирање за значењето и бенефитите на Програмата за згрижување деца. Општина Гевгелија е партнер во реализацијата и домаќин на настанот, во рамки на проектот на СОС Детско село Право на семејство- „Унапредување на системски недостатоци- Поддршка на реформите во системот за заштита на деца“, согласно Визијата, Мисијата и Вредностите на организацијата.
 
На настанот, пред присутните се обратија градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој зборуваше за развојот на социјалните услуги во локалната заедница, потоа државниот секретар на МТСП, Ресми Ејуп; претставник од Центар за поддршка на згрижувачки семејства- СОС Детско село, Јагода Насковска; Оливера Миленковска- згрижувач; Цветанка Николовска, која сподели искуство како е да бидеш згрижен, како и директорката на ЈУМЦСР Гевгелија, Васка Јанчев.
 
Кампањата и проектот се од огромно значење за СОС Детско село, бидејќи покрај тоа што ја зголемува свесноста за згрижување на деца, го зголемува и бројот на потенцијални згрижувачи и истовремено креира достапна мрежа на згрижувачки/роднински семејства низ целата територија на државата. На тој начин, се придонесува децата да продолжат да живеат во познато опкружување, културолошки блиски на нивното потекло, преку истовремено обезбедување грижа и заштита на децата, одржување на врските со семејството, заедницата и културното потекло.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *