ПРВО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ ВО ГЕВГЕЛИЈА НА 4-ТИ ЈУНИ

Првото прскање против возрасни комарци на подрачјето на општина Гевгелија ќе се спроведе на 4 јуни 2024 година, во вечерните часови. За таа цел, се известуваат сопствениците на пчелни семејства навремено да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во најавениот временски период.
На 29 мај 2024 година, на подрачјето на општина Гевгелија, беше спроведено и второто ларвицидно прскање, односно третирање на стоечките води покрај реката Вардар за уништување на ларви од комарци, како и во населеното место Миравци, на местата викани „Плоштавец“ (Брана), „Суводолица“ (покрај старото училиште), „Русалија“ и во населеното место Давидово, „Вардариште“.
Согласно Договорот склучен со фирмата „Зотокс“ ДООЕЛ Скопје по спроведената тендерска постапка, годинава, третманот против комарци опфаќа по 3 ларвицидни и теристички прскања.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *