CE САДЕА ДРВЦА И РАСТЕНИЈА ВО ИНКЛУЗИВНИОТ ПАРК „ИЦЕ БЕГОВ“

Фондацијата „Ице Бегов“ моментално работи на изградба и опремување на првиот инклузивен јавен парк „ИЦЕ БЕГОВ“ во Гевгелија.
 
Елена Бегова и претставници од Фондацијата , заедно со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Грегор Прескер, сопругата на амбасадорот на Полска, Јоланда Гжелчик и конзулот во Полската амбасада, Катарина Самочук, сопругата на амбасадорот на Словачка, Жанет Маркуш, лица од Дневниот центар за посебни потреби од Гевгелија, здружението на хендикепирани лица „Мобилност“, родители и деца со попреченост , претставници на ЛАГ „Бојмија“, како и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денес симболично засадија дрвца и растенија во првиот инклузивен парк „Ице Бегов“ во Гевгелија, кој свечено ќе биде предаден во употреба наредната сабота, на 13 април.
 
Целта на овој проект е да го ревитализира урбаниот простор во самиот двор на Пионерскиот дом во Гевгелија, но и да поттикне инклузивност и пристапност на сите членови на Општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *