СО ТРИБИНА ЗА БУЛИНГОТ, ВО СОУ “ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ” ГЕВГЕЛИЈА ОДБЕЛЕЖАНА ПХВ НЕДЕЛАТА ЗА 2023 ГОДИНА

Општинската организација на Црвен крст Гевгелија со трибина наменета за откривање, решавање и спречување на булингот како зачестена појава меѓу младите ја одбележа неделата на Превенција на хумани вредности за 2023 година.
На трибината одржана во СОУ “Јосиф Јосифовски” свое излагање пред присутните ученици имаа:
 
Светлана Митровска – психолог при СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија
Маја Проданова – училишен педагог при СОУ “Јосиф Јосифовски”- Гевгелија
Тони Аврамов – професор по македонски јазик и литература
Лазар Мешков – секретар на Црвен крст Гевгелија
Сашка Карајанова – стручен соработник при Меѓуопштински Центар за социјална работа Гевгелија
Ристо Петров – МВР Гевгелија
 
“Денес сме тука да кажеме јасно и решително НЕ на булингот и кога ќе излеземе од оваа врата сите да дадеме поддршка на анти-булинг кампањата” – истакна секретарот на ООЦК Гевгелија, Лазар Мешков.
На крајот од трибината од страна на лидерот на Клубот на млади – Весна Димиќ беа доделени признанијата на учесниците во ЦКА ПХВ циклусот за 2023 во рамки на ООЦК ГЕВГЕЛИЈА.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *