СОСТОЈБАТА СО ЈАВЕН ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕ НАЈДЕ НА 44 СЕДНИЦА НА ГЕВГЕЛИСКИОТ СОВЕТ

Советот на Општина Гевгелија, на 5 јули 2024 година, ќе ја одржи својата 44. седница, на којашто ќе расправа по повеќе предлог-одлуки и решенија. На претстојната седница, Советот ќе разреши стар и именува нов член во постојаните Комисии за статут и прописи и урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина. 

Исто така, ќе расправа и по Предлог-Одлуката за измена и дополнување на Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2024 година и за обезбедување финансиска поддршка за учество на ученик од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија на 7. Меѓународна економска олимпијада во Хонг-Конг (Кина). Како и по предлог- измените и дополнувања на Одлуката за определување тарифа/ цена за општински линиски превоз на патници во општина Гевгелија.
 
Пред Советот на Општина Гевгелија ќе биде изнесена информација за состојбата со јавен превоз на патници во општина Гевгелија, а ќе бидат разгледани и Измените и дополнувањата на Годишните планови за вработување на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2024 година и ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2025 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 12:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *