СОВЕТНИЦИТЕ ДАДОА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО МОИН

На денешната седница, Советот на Општина Гевгелија донесе Предлог одлука за сопствено учество од 2.138.378 денари, во реализација на проектот „Културно богатство—наследство за идните генерации“, со кој се предвидува Реконструкција на Домот на културата во населеното место Моин.
 
Имено, Општина Гевгелија учествуваше во две форумски сесии организирани од Југоисточниот плански регион, со кој Центарот аплицираше до Бирото за регионален развој, и успеа да се квалификува со проектот за реконструкција на Домот на културата во населеното место Моин.
Со овој проект се предвидени градежни работи за реконструкција на Домот, изведување на електрична инсталација и уредување на санитарни јазли.
 
Вкупната проценета вредност за планираните активности на реконструкцијата изнесува 13.551.139, од кои 11.412.761 денари од Бирото за регионален развој и 2.138.378 денари кои се сопствено учество на Општина Гевгелија од буџетот на општината за 2023 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *