СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ СО НЕГОВИОТ КОЛЕГА ОД ЈАБЛАНИЦА, ШАБАНОВИЌ И ИГРАОРЦИТЕ ОД БИХ, СРБИЈА И КУД „ТАНЕЦ“ ОД МИРАВЦИ

По повод гостувањето во општина Гевгелија на начелникот на збратимената општина Јабланица, денеска, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов оствари со Дамир Шабановиќ, како и со претставниците на: КУД „Танец“ од Миравци, КУД „Пријатељи“ од Јабланица, Босна и Херцеговина; КУД „Јаблановец“, од Запрешиќ, Р. Хрватска; КУД „Печинци“ од Р. Србија и КУД „Паја Зариќ“ од Нови Карловци, Р. Србија. Нивната посета во општина Гевгелија, се должи на поканата од КУД „Танец“- Миравци за денешното одбележување на 90-годишнината од неговото постоење.
 
На средбата, помеѓу Сарамандов и Шабановиќ стана збор за унапредување на соработката, поголема промоција, размена на културните вредности на двете држави и одржување на пријателските врски. Покрај тоа, претставниците на културно- уметничките друштва го запознаа Градоначалникот на општина Гевгелија со нивната работа и функционирање. Притоа, во знак на пријателството, на претставниците градоначалникот Сарамандов им додели симболични подароци.
 
Имено, КУД „Танец“ од Миравци, денеска, на платото пред Домот на културата во Миравци, со свечена академија ќе го прослави своето 90-годишно опстојување на домашната сцена, презентирајќи и промовирајќи ја етнокултурната традиција на својот народ, како во државата, така и надвор од неа. Свечената академија ќе започне во 20:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *