УТРЕ, НЕДЕЛА, 8-МИ МАЈ, ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА

На 8 мај, 2022 година, (недела), Општина Гевгелија по вторпат ќе биде дел од еко-акцијата „Генерелка викенд- За чисто како дома исто“ на Мен енд Маунтен. На акцијата ќе земат учество вработени од Општина Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија претставници од невладините организации, спортски клубови како и граѓани на Општина Гевгелија
Еко-акцијата ќе се одржи на повеќе локации и тоа кај поранешната Касарна, Археолошкиот локалитет „Вардарски Рид“ и на влезот во Гевгелија, долж појасот покрај автопатот, со почеток во 09:00 часот.
„Генералка викенд“ е еко-акција за чистење на сопствената околина и засадување нови садници дрва, по принципот едно дрво за секои 10 килограми собран отпад и истата се реализира во повеќе општини. Целта е да се собере што е можно повеќе отпад, да се засадат нови дрва и да се подигне свеста за животната средина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *