ВО МЕСЕЦ МАРТ НАЈВИСОКАТА ТЕМПЕРАТУРА ИЗМЕРЕНА ВО ГЕВГЕЛИЈА, 25,4 СТЕПЕНИ

Месец март 2023 година, се карактеризира како просечен кон потопол и кон многу влажен локално, во споредба со многугодишните просечни вредности, покажаа мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државата.
– Средномесечната температура се движеше од 3,5 степени целзиусови во Маврово до 10,5 во Гевгелија. Споредено со просечните мартовски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), овогодишната беше 0,8 степени целзиусови над просечната на ниво на држава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Средната максимална температура варирала од 8,6 степени целзиусови во Маврово до 16,6 во Гевгелија.
Највисоката максимална температура била измерена на 25 март во Гевгелија и изнесувала 25,4 степени целзиусови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *