ВО ОПШТИНИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ ЌЕ СЕ ИЗГРАДАТ 13 ВЕЛОСПЕДСКИ ПЛАНИНСКИ ПАТЕКИ

Како што информираат од Југоисточниот плански регион, во десетте општини од Југоистокот планирано е да се изградат 13 велосипедски планински патеки, сите во должина од 304 километри. Овие вело патеки се дел од проектот „Смарт Вело Регион“ на Форумот на заедници на граѓани, за кој е веќе добиен грант од Швајцарската агенција во вредност од 320.000 евра.
 
На есен се очекува да стартува овој проект, со расчистување на терените, поставување дрвени табли на кои ќе има QR кодови, и со нивно скенирање секој планинар, велосипедист или турист ќе може да ја симне целата рута.
Она што е интересно е фактот што овие вело патеки ќе ги поврзуваат и најзначајните културно историски локалитети и места во југоисточниот регион.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *